Овие луѓе во никој случај не смеат да јадат бел лук

Белиот лук е една од најздравите намирници чиј чудесни лековити својства имаат неверојатни благодети за здравјето. Луѓето од далечни времиња го користеле за лечење на многу здравствени тегоби.

Познато е дека старите Египјани, во времето на градењето на пирамидите, на своите робови често им давале бел лук за да ги одржат во добра кондиција.

Белиот лук содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозинот, алицинот, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сумпор и фосфор.

Но, и покрај сите лековити својства, овие групи на луѓе не би смееле да го конзумираат:

Пациенти пред операција

Доколку во скоро време ќе имате хируршки зафат, се препорачува да не конзумирате бел лук најмалку две недели бидејќи тоа би го продолжило крварењето.

Луѓе со низок притисок

Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па доколку патите од низок притисок, себе си можете да си нанесете повеќе штета отколку корист со неговото конзумирање.

Луѓе кои имаат проблем со црниот дроб

Иако белиот лук има антибактериско и антивирусно својство и може да ги убие бактериите и вирусите, не треба да се користи во спречување на вирусот хепатитис. Имено, некои соединенија на белиот лук можат да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да инхибира секреција на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На тој начин влијае на варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитис, како мачнината.

Луѓето кои боледуваат од очни болести

Пациентите кои боледуваат од очните полесни, посебно оние со лошо здравје, исто така треба да го избегнуваат белиот лук. Традиционалната кинеска медицина заговара дека редовното конзумирање на бел лук во големи количини подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така може да предизвика губење на помнењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *