Овие намирници значително ќе го подобрат вашиот вид, оние кои често ги јадат, никогаш немаат проблем

Видот со текот на времето слабее, па добро е навреме да ја прилагодите исхраната и да му помогнете на вашето тело, но и на самите себе.

Долгото седење пред компјутер, или користење на мобилниот телефон, може да доведе до слабеење на видот. Постојат намирници кои можат да ви помогнат да ги заштитите своите очи и со текот на времето да го подобрите вашиот вид.

Школки

Школките се намирници преполни со цинк. Овој минерал е неопходен за здравјето на очите а можете да го најдете и во гравот, јаткастите плодови и говедското месо. Се препорачува дневен внес од 40 до 80 милиграми.

Сок од портокал

Портокалот е одличен извор на витамин Ц. Може да го намали ризикот од катаракта и да го подобри очниот притисок. Чаша лимонада или две шолји сок од портокал ќе го задоволат потребниот дневен внес од овој витамин.

Кикирики

Клучната состојба на кикириките се омега 3 масните киселини како и витаминот Е. лицата кои имаат ниски нивоа на омега 3 масни киселини можат да развијат болести на окото како што се дијабетичка ретинопатија, како и оштетување на крвните садови на мрежницата кои можат да предизвикаат слепило.

Кељ

Како што вели нутриционистот Џој Бауер, кељот е богат со зеаксантин и лутеин, антиоксиданси кои исто така се наоѓаат во вашите очи. Кељот и лисаниот зеленчук ја штитат мрежницата во вашето око.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *