Овие работи никако не треба да ги порачувате во ресторан, можат да бидат прилично валkани

Кога би прашале неколку работници во ресторан што не би јаделе од истите, ова би биле одговорите.

Испитаните работници во рестораните за тоа што никогаш и зошто не би јаделе токму во тој ресторан, дале одговор дека се работи за труење со храна, бактерии или начинот на кој се чува или подготвува храната.

Ајсберг салата

Пристапна, секогаш достапна и долготрајна. Но, токму таа е една од работите кои не би требало да ја порачувате во рестораните бидејќи плаќате премногу за намирница која е безвкусна, а главна состојка и е вода, дури 95%. “Можеме да кажеме дека е поскапа 20 отсто од вистинската вредност”, наведува шефот на кујната во ресторанот Прима во Калифорнија, Питер Честејн. Додава дека разни бактерии можат да се пронајдат во пукнатините на салатата. Иако салатата се мие, таа се послужува влажна – што е црвено знаменце. Со комбинација на млака вода и класичен дресинг од мајонез кој се служи преку неа, само прашање на време е кога ќе се случи нешто.

Популарни оброци

Можеби мислите дека најпродаваните оброци на менито се најздрави и најсигурни, но внимавајте бидејќи во таквите ресторани таквата храна веројатно се подготвува унапред, а таа храна која се пакува во фолии и кеси има доволно време да во неа да се развијат бактерии кои можат подоцна да предизвикаат здравствени проблеми. Совет од извршниот директор на рестораните Expert Witness, Хауард Кенон е да порачате помалку популарна опција која веројатно ќе ја подготват веднаш пред послужувањето. “Било што што стои на чекање, уште ако е прекриено со мајонез, веројатно не е добар избор”, додава тој.

Бесплатни залчиња

Јаткасти плодови, переци и останати бесплатни работи често се послужуваат не свежо отпакувани кога вие ќе седнете на масата. Можете тоа сликовите да си го замислите како да јадете храна од рака на странец. Згодна е и информацијата како навечер веројатно ќе подготват се заедно, за да се послужи наредниот ден повторно.

Месо кое има коска

Малите парчиња месо кои имаат коска, како пилешки крилца, тешко се варат до совршенство бидејќи надворешниот слој брзо може да загори. Резултатот е често – крцкаво нанадвор, а сирово одвнатре. За разлика од кратките подготовки на бифтек или татар бифтек, недоволно термички обработеното свинско или пилешко месо можат да претставуваат проблем за вашето здравје. Секако и дека месото кое има коскена срж, содржи и помалку месо, со што може да се каже дека ќе го преплатите оброкот.

Специјалитет со макало

За го го избегнете недостатокот на намирници, рестораните често порачуваат повеќе намирници отколку што е потребно. На крајот од денот, на оние кои им истекол рокот на траење, утре можат да станат специјалитет на денот на ресторанот, украсени со некое макало.

“Внимавајте на некој скап додаток кој се користи за да се прекрие вистински вкус, внимавајте на тоа како месото е сечено, или прекриено со сос и тестенини, или можеби е подготвено како гулаш”, советува Стивен Загор, основач на консултанстката фирма Hospitality & Culinary Resources.

Храна која се подготвува пред вас

Рестораните кои имаат преносни мали скари за подготовка на храна на масата, звучат навистина забавно. Но, подготвувањето храна на маса носи многу ризици за здравјето бидејќи некој може да кивне на неа, а и може недоволно да се обработи месото, вели Честејн и додава дека подготовката на таквата храна секогаш треба да и се дозволи исклучиво на професионалци.

Месен ролат

Доколку не сте знаеле, тие месни штрудли содржат повеќе додатоци од самото месо, но се смета дека доколку се спакува во доволно зачини и сосеми – тоа нема да се забележи. За да се зголеми продажбата, често се манипулира со ова јадење, бидејќи во него се кријат куп хемии и адитиви, а експертите сметаат дека е попаметно да порачате хамбургер или стек.

Морски плодови

Доколку ресторанот не е познат по своите рецепти со морска храна, нема гаранција дека ќе го добиете она што сте го порачале.

“Во отприлика 70 отсто од случаевите нема да добиете лигњи од морето како што пишува на менито”, наведува Џејмс Андерсон, шефот на одделението за околина и природни извори на економија на универзитетот Роуд Ајленд во магазинот Wall Stret Journal’s SmartMoney. Одговорноста тука не мора да биде само на рестораните туку и за добавувачите кои понекогаш можат да испорачаат погрешна роба.

Сладолед

Освен доколку не е егзотичен или направен во ресторан, не е вреден за парите, времето а ниту бројот на калории кои ги внесувате.

“Идејата дека во ресторан остава голема количина пари за нешто кое можам да го набавам во локалната продавница или само затоа што е бренд мене ми е целосно нелогична и тоа никогаш не би го направил”, појаснува Марк Ладиски, виши консултант на компанијата Synergy Restaurant Consultants.

Пилешко

Оној кој порачува пилешко е кокошка. “По правило не постои ништо посебно во подготовката на пилешко што би го привлекло моето внимание”, наведува Ладински и додава дека пилешкото е сигурно едноставен избор, но пропуштате многу други вкусови, затоа бидете елегантни и пробајте нешто кое не може да го подготвите за 10 минути сами дома.

Пица

Златен рудник за многу ресторани: намирниците се евтини, а заработката голема, па нарачувањето пица од ресторан кој не е посветен на тоа како се подготвува таа, е губење на пари и домати, смета Ладински. “Не можам да ве советувам парите да ги фрлате на малку подобра верзија од замрзната пица. За една маргарита е потребно да издвоите околу 3 – 4 евра, а вие во ресторан ќе ја платите околу 10. Сами пресметајте дали се исплати”.

Корпи со леб

Корпите со леб се нешто кое стојат на чекање во ресторанот, но исто така е и нешто кое ќе стои на масата и ќе ве чека. Не земајте го лебот од корпите кои стојат на масата или ќе ви ги донесат веднаш штом седнете на масата, па дури и да ви делува дека е од врвен квалитет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *