Овие 13 совети ќе го зајакнат вашиот имунитет: Како да бидете отпорни на вируси?

Може да ви помогне да не се заразите, но и секоја зараза да се излечи што е можно полесно и побрзо. Имунитет – токму од него зависат сите работи.

Но, на кои начини може да го зајакнете? Ние ви претставуваме 13, прочитајте ги во продолжение:

Одморете се опуштете се

Стресот е добар бидејќи му помага на вашето тело да се подготви за предизвик. Меѓутоа, доколку трае предолго, тој може да го ослаби одбрамебниот систем на вашиот организам. Колку и да ви изгледа дека ситуацијата е тешка, не стравувајте, не се нервирајте и не паничете, бидејќи тоа може да ве направи подложни на инфекции. За вашиот имун систем многу е подобро да се одмарате и да правите работи во кои уживате, дури и во најтешките ситуации.

Водете љубов

Не само што ќе се чувствувате добро – туку водењето љубов е добро и за вашиот имунитет. Едно истражување ја открило врската помеѓу здравиот имунолошки систем и тоа колку често водите љубов. Оние кои воделе љубов почесто имале повеќе нивоа на супстанци кои се бореле против настинки и инфекции.

Пронајдете крзнен пријател

Постои причина зошто ги нарекуваме најдобрите пријатели на луѓето. Кучињата и другите домашни миленичињ не се само добри пријатели. Тие ни даваат и причина за вежбње и зајакнување на други начини. Сопствениците на домашни миленичиња имаат понизок крвен притисок, пониско ниво на холестерол и многу поздраво срце. Кучињата можат да му помогнат на имунолошкиот систем на вашето дете и да ја намалат веројатноста да добие алергии.

Дружете се

Сите знаеме дека пријателите се важни, но силните социјални врски исто така можат да имаат големо влијание на вашето здравје. Луѓето со здрави врски веројатно ќе ги надживеат и оние со лоши социјални врски. Волонтирајте и негувајте ги врските кои веќе ги имате.

Гледајте на поведрата страна

Кога вашите мисли се убави, одбрамбените сили на вашето тело функционираат значително подобро. Уживајте во работите во кои иначе уживате – дури и во тешките времиња – и обидете се да не се задржувате на лошите вести.

Смејте се почесто

Едно истражување открило дека, откако луѓето се смееле гласно, нивниот имунолошки систем функционирал подобро. Се уште не се знае дали тоа на долгорочно ниво значи и помалку болести.

Јадете намирници во боите на виножитото

Шареното овошје и зеленчук е преполно со антиоксиданси. Овие хранливи состојки штитат од слободни радикали, молекули кои можат да им наштетат на клетките. За да добиете широк асортиман, побарајте портокал, зелена пиперка, брокули, киви, јагоди, моркови, лиснат зеленук и слично.

Размислете за витамини и додатоци на исхраната

Некои од овие производи можат да му помогнат на вашиот имунолошки систем, но бидејќи можат да бидат во интеракција со други лекови, задолжително исвестете го вашиот лекар доколку сакате да ги користите.

Бидете физички активни

Вежбата е едноставен начин да го подобрите вашиот одбрамбен систем. Исто така може да го олесни стресоти да ве заштити од многу болести. Било кој вид на движење може да ви помогне: возење велосипед, шетање, правење јога, пливање и слично.

Редовно спиење околу 7 до 9 часа дневно

Без сон, вашиот имунитет нема да ја има силата која му е потребна да се бори против болести. Поголемиот дел од возрасните треба да спијат околу 7 до 9 часа дневно. За полесно да заспиете, морате да се придржувате до редовниот распоред на спиење, да останете активни во текот на денот, да го прескокнете кофеинот и пијалоците пред спиење, да имате ладна спална соба и да се опуштите на крајот од денот.

Прекинете со алкохолот

Алкохолот игра главна улога во начинот на кој се дружиме и славиме, но премногу може да го ослаби вашиот имунитет и да предизвика почесто да се разболувате. Колку е премногу? Повеќе од два пијалоци за мажите и повеќе од еден за жените.

Престанете да пушти

Направете му услуга на вашиот имунитет и откажете се од пушењето.

Мијте ги рацете со сапун и вода

Испратите ги бактериите низ одводот пред вашето тело да ги прими. Користете сапун и чиста вода и мијте ги рацете најмалку 20 секунди. Доколку немате пристап до сапун и вода, средството за чистење на рацете може да ви помогне, само знајте дека тоа нема да ги отстрани сите бактерии. Изберете средство кое содржи најмалку 60 отсто алкохол.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *