Овој предмет во продавница или супермаркет никако не би требало да го допирате

Поради пандемијата која ни ги промени животите од корен, започнавме да се придржуваме до превентивни мерки кои помагаат во сузбивањето на ширењето на вирусот. Тие мерки вклучуваат редовно миење на раце одржување на физичка дистанца и носење на заштитна маска.

Иако ваkцинацијата против ковид-19 е во тек ширум светот, се уште ниту во најмал момент не смееме да се опуштиме. Потребно е и понатаму да се придржуваме до одредени хигиенски навики, а неколку главни хигиенски совети до кои би требало да се придржувате се оние кои ви објаснуваат како да се заштитите од вирусот или бактериите.

Имено, еден од највалканите предмети кои се наоѓа во маркетите е корпата за купување. Овие корпи се преполни со бактерии. За разлика од другите предмети кои купувачите често ги допираат, корпите имаат најголем потенцијал за пренос на бактерии од една личност до друга, пишува Н1.

Експертите наведуваат дека е помала веројатноста на дршките на корпите редовно се чистат, а дури и кога се дезинфицираат, тешко е да се исчистат детално и темелно.

“Речиси е невозможно да се избришат сите површини кои луѓето би можеле да ги допрат. За разлика од количките за купување, тешко е да ја држите корпата подалеку од вашите лични предмети или вашата облека” изјавила педијатарот Лијен Постон.

На корпите постојат места на кои бактериите можат лесно да се завлечат и до кои е навистина тешко да се дојде, дури и при чистењето на истите. Невозможно е да трговецот ја исчисти секоја пукнатина на корпите.

За да се заштитите од вакви работи, се препорачува користење на количка за купување наместо корпа. Користејќи антибактериски марамчиња со кои лесно може да ја избришете рачката на количката.

Кога ќе завршите со купување, дезинфицирајте ги рацете. Центарот за контрола и превенција на болести советува да користите дезинфекциско средство кое содржи најмалку 60% алкохол.

Дури и кога пандемијата ќе заврши, имајте ги на ум овие совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од бактерии или вируси на кои можете да бидете изложени.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *