Овој чај докажано ја намалува температурата кај децата

Доколку вашето дете има висока температура, не треба веднаш да го вклучувате алармот за узбуна и на своја рака да им давате лекови.

Имено, земањето лекови за намалување на температура тогаш кога не е потребно може да има контрадикторно дејство и да овозможи траење на болеста. Лековите можат да пречат во телесната работа на одбрамениот систем, кој се бори против вирусите.

Температурата до 38,8 степени (измерена под пазувите) кај децата не треба да се намалува со лекови. Кај возрасните таа вредност е уште повисока и изнесува 39,4 степени.

Високата температура е знак дека имуниот систем на детето добро функционира и дека телото само се бори против болеста.

Растителен чај за висока температура

Доколку вашето дете заработило настинка или вироза, редовно треба да му се даваат растителни чаеви.

Поради засиленото потење можна е дехидрација, затоа е важно да се земаат доволно течности.

За чај бирајте билки кои делуваат како дијафоретици, а тоа значи дека во почетокот ја намалуваат температура, со што поттикнуваат потење и чистење на организмот од токсини. Преку потењето, на крај температура се намалува.

Растителните чаеви делуваат така што ја поттикнуваат циркулацијата и со тоа овозможуваат белите крвни зрнца да патуваат по телото и делуваат на причинителите на инфекции.

Растенија кои се погодни за намалување на температурата кај децата се камилица, маточина, цветови од зова и нане.

Камилицата и нането се одлични бидејќи содржат магнезиум, калциум, бакар, цинк и железо кое преку чајот брзо се апсорбира во организмот. Освен тоа, децата го обожаваат благиот вкус и мирисот на камилица, кој на нив делува прилично смирувачки.

Чајот од маточина е одличен антисептик кој ги ублажува тегобите со системот за варење и одлично помага кај грипот, настинката и кашлицата кај децата.

Зовата го поттикнува потењето и детоксот во организмот, делува антибактериски и антивирусно, а нејзините цветови се нежни и благи, затоа се погодни за деца.

Подготовка на чај

За подготовка на оваа чајна мешавина, во птирлика еднаков размер, помеајте камилица, маточина, цвеетови од зова и нане.

Доколку ги немате наведените билки, користете ги оние кои моментално ги имате.

Една супена лажичка мешавина прелијте ја со 2 децилитри врела вода и оставете ја да одстои 10тина минути. На децата постари од 3 години можете да им давате половина шолја од овој чај на секои 3-4 часа.

Децата на старост од 1 до 2 години може да добиваат по 2 супени лажички од овој чај на секој 3-4 часа, а на децата помлади од година дена по 1 лажичка чај на секој 3-4 часа (за овие најмладите подгответе чај без нане).

На децата кои имаат температура можете да им сварите и чај од липа или чај од ајдучка трева, кои исто така ја намалуваат телесната температура.

Позитивни работи на растителниот чај:

-Ја поттикнува детоксикацијата на телото, спречува дехидрација на организмот, ја поттикнува циркулацијата иго стимулира организмот, го подобрува сонот и расположението, го снабдува телото со антиоксиданси, кои даваат поттикнување за оздравување.

Кога задолжително треба да посетите лекар?

-Доколку дете на возраст до 3 месеци има температура повисока од 38 степени, доколку дете има температура повисока од 40 степени, доколку детето има необичен осип, вкочаеност на вратот, повраќања и има пролив, доколку детето е омалаксано и тешко дише, доколку покачената температура трае подолго од четири дена и ништо не помага.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *