Овој човек има 78 деца, а чека уште 13 (ФОТО)

Ари Нагел (44) професор на колеџот во Њујорк е донор кој има 78 деца, а моментално уште 13 жени чекаат дете со него.

Ари вели дека му се јавуваат се повеќе и повеќе жени кои не можат да забременат. Тој вели дека, со текот на времето започнал да им го доставува семето на жените во чашички.

Како што вели, единствената плата за неговите услуги се бакнежите и прегратките кои ќе ги добие.

“Никогаш не сум наплаќал за своите услуги на жени на кои сум им помогнал да добијат дете. Секако, добивам многу бакнежи и прегратки, како и доживотна благодарност. Среќен сум што имам толку деца. Некои од нив ги гледам секој ден, а некои никогаш не сум ги сретнал. Тоа зависи од семејството”, и додава:

“Многу жени ме бараат од Америка, но некогаш и од други земји. Минатиот месец два пати бев во Африка, а месец дена пред тоа во Барбадост и Грузија. Пред тоа бев во Русија, патувањата се дел од ова што го правам, но поголемиот дел на жените на кои им помагам се од Америка”, објаснува тој.

Моментално 13-тото дете го чека со Арија, а сите деца се вештачки зачнати.

“Десетина деца ги зачнав со традиционален однос, но тоа беше во почетокот кога не знаев за друг начин. Месечно ми се јавуваат по неколку жени, и беше тешко без заштита, а во исто време да се гарантира и сигурноста за себе. Поради тоа сега семето го доставувам во чашички”, заклучил Ари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *