Овој човек најлесно ќе ви објасни како медиумите и телевизиите ве лажат и манипулираат

Фотограф напрвави фотографии од две различни перспективи и објасни како медиумите можат лесно да ја манипулираат реалноста.

Сите знаат дека реалноста е субјективна. Нашата перцепција може да се менува во секунда зависно од тоа колку и што знаеме. Но, двајца дански фотографи донесоа нова перспектива.

Во време кога целиот свет се соочува со криза, сите знаат дека од клучно значење е одржувањето на дистанца. Дури и во државите кои почнуваат да ги олабавуваат мерките за карантин, не значи дека е завршено. Но како да знеме, од гледањето фотографии, дека луѓето се придржуваат до тоа што е препорачано? Изгледа дека можеме.

Фотографите Олафур Стеинар Гестсон и Филип Давали се здружиле во еден експеримент спроведен од фотоагенцијата „Ритзау Сканпикс“. Фотографите од Копенхаген фотографирале исти луѓе во опуштена атмосфера, надвор во ист ден. Нивниот трик бил да користат различни перспективи – широк агол и телефото леќи. Фотографиите покажуваат голема разлика во дистанцата меѓу луѓето и го поставуваат прашањето дали треба да веруваме на сè што ќе видиме.

Од порталот „Боред панда“ го контактирале Кристијан Дјурус, уредник- менаџер во „Ритзау Скенпикс“, кој им го дал проектот на фотографите. Тој изјави:

– Близината на луѓето е нешто за кое нашироко се дебатира во Данска, изминативе недели. Данските политичари и власти постојано се повикуваат на фотографии кои покажуваат дека луѓето не ги почитуваат мерките. Како национална фото-агенција која прави фотографии за покривање на приказната со коронавирус пандемијата, станавме свесни дека јавноста многу лесно може да се излаже- вели Кристијан.

Оваа уникатна ситуација уште еднаш покажа колку е важно да се избере вистинскиот агол и перспектива за фотографирање.

– Техничкиот избор ни,когаш во историјата на фотографијата, не бил тема на дебата– објаснува Кристијан.

Со оглед дека фотографиите можат да доведат до лажна вистина, Кристијан вели дека јавноста мора да биде запознаена со тоа.

– Како производители на фотографии ние имаме одогворност да им кажеме на луѓето дека, не секогаш, тие ја покажуваат реалната слика.

Кристијан вели дека вистинско решение е да се објаснат условите и техниката со кои е направена фотографијата, за да не се доведуваат луѓето во заблуда.

Широкиот агол е сличен на начинот на кој гледа човечкото око. Олафур објаснува:

– Со него се прават пошироки фотографии, а како фотограф ги користиш кога си близу до она што сакаш да го фотографираш. Слично е со камерите на ајфоните.

Од друга страна телефото леќите се долги леќи кои се користат кога фотографот е на прес, фудбалски натпревар и слични ситуации кога фотографира од далеку.

– За да добиете поблизок приказ на она што го фотографирате, се користи оваа техника, која на еден начин ги зближува предметите- појаснува тој.

Олавуд додава дека гледачите треба да се свесни за опремата која професионалните фотографии ја користат кога работат.

– Ако има опис под фотографијата како е направена, тогаш и урендикот ќе има слобода на избор.

Според него фотографите мораат да запомнат дека нивна работа е да информираат точно, особено во коронавирус кризата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *