Одговорот на ова рашање може да открие дали сте психопат

Доколку некогаш сте се запрашале дали имате вие или некои од вашите блиски психопатски тендеции, жена по име Софија тврди дека има едноставен тест кој би можел да ви го даде одговорот на тоа прашање.

Имено, таа на ТикТок споделила видео во кое своите следачи ги прашува дали знаат дека постои прашање кое може да открие дали имате психопатски склоности.

Во видеото, кое е прегледано повеќе од 3,6 милиони пати, им вели на луѓето да се замислат себе си во природа.

“Сакам да ги затворите очите и да замислите како шетате по мрачна и морничава шума” вели таа и додава дека следачите имаат неколку минути да ја визуелизираат таа глетка.

“Срцето започнува силно да ви чука и секаде околу себе слушате звуци. Одеднаш слушате и чувствувате дишење позади себе и се вртите околу себе”, ја опишува таа имагинарната ситуација во која сте се нашле, и на крајот прашува: “Што видовте во шумата?”.

Таа понудила шест можни одговори: диво животно, бледа личност од спротивниот пол, лик во сенка, куче, ништо или џиновски инсект.

Иако би можеле да помислите дека нешто како лик во сенка или џиновски инсект може да укажува на психопатски тендеции, тоа е всушност кучето.

“Од некоја причина луѓето кои имаат психопатски склоности често одговараат – куче. Тој одговор би можел да укажува на камуфлирање. Кучињата се прекрасни, мили и не претставуваат закана”, објаснила таа, додавајќи дека тоа е можеби честиот одговор на психопатите бидејќи така настојуваат да ги манипулираат луѓето со кои разговараат. Односно, се претставуваат такви какви што всушност не се.

Иако Софија признава дека не е некој експерт и истакнува дека овој тест не може да посллужи како формална дијагноза, изгледа дека постои консензус околу теоријата за кучето. Имено, Џон Ронсон, автор на The Psychopath Test, објаснил дека една од карактеристиките е токму нивната љубов кон кучињата. Објаснил дека психопатите се наклонети кон кучињата бидејќи се послушни и со нив лесно се манипулира. Како што објаснил, често во својата работа се сретнал со луѓе кој не покажувале чувства кога би им по.чи.нала некоја блиска личност, но биле тажни и скршени после см.рт.та на куче, пишува Британски Сан.

“Навистина се вознемируваат кога нивните кучиња ќе по.чи.нат, бидејќи кучињата нудат безусловна љубов за разлика од луѓето”, објаснил тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *