Одлични вести за граѓаните на Македонија, проверете ги вашите сметки во банка, започна исплатата на повратот на ДДВ

Управата за јавни приходи започна со исплатата на повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје.

Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од ДДВ од Викендот без ДДВ.

Податоците се обработени и сега парите веќе се префрлаат на сметките. УЈП иначе има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *