Одлични вести за граѓаните на Македонија, државата ќе дели парична помош, еве кои ќе добијат пари

И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во Собранието го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Околу 283.000 граѓани ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари за купување македонски производи, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните полесно да ги поднесат последиците од коронакризата, а истовремено се раздвижува домашната економија.

Оваа мерка е дел од четвриот пакет економски мерки за помош и поддршка во кризата за граѓаните и за компаниите, а нејзината реализација се овозможи откако парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои законот за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход.

Помош ќе добијат граѓаните со низок доход, корисници на пензија пониска од 15.000 денари, корисници на право на социјална сигурност, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Собранието го донесе и законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.

Со ова Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија.

Во време на најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ низ четири пакети мерки пренасочува кон граѓаните и економијата речиси милијарда евра.

СДСМ во време на пандемија се грижи за сите погодени со кризата. Поддршката ќе стигне на вистинското место во најбрз можен рок, гласи во соопштението на владеачката партија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *