Одлични вести за Македонската фудбалска репрезентација, да сонувавме, немаше да биде волку добро

Македонската фудбалска репрезентација на врвот на листата!

Репрезентативните фудбалери на Ерменија ја искористија лошата атмосфера во Тбилиси, па изиграа далеку подобро и со резултат од 2:1 ја поразија Грузија. Ова значи, за Македонската фудбалска репрезентација ќе и биде потребен само еден бод во Кипар, за да го освои првото место.

Очигледно дека поразот од Македонската фудбалска репрезентација имаше силно влијание врз репрезентативните фудбалери на Грузија, кои и денес го загубија натпреварот против Ерменија.

Со голот на Газаријан (Ерменија) во 33. минута, и после 20 минути игра во второто полувреме, со голот на Вако од пенал, резултатот помеѓу двете репрезентации се изедначи, а победата ја донесе Адамјан, со гол на четири минути до крајот на натпреварот.

Овој резултат и одговара и се одлични вести за Македонија. Во среда ни е потребен само бод на натпреварот со Ерменија кој се игра во Кипар, со што Македонија ќе го освои првото место во групата и пласман во Лига Б.

По пет одиграни кола, репрезентацијата на Македонија е прва со девет бода, Ерменија втора со осум бода, Грузија е на третото место со шест, а Естонија се најде на последното место со само два бода.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *