Одлични вести за сите оние кои возат автомобили со бугарски или други странски таблички

Бектеши: Возилата со странски таблички ќе се регистрираат за 50% поевтино.

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки.

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Предлог-законот стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *