Одлучив да ја тужам сопругата на мојот брат, сега никој од фамилијата не сака да зборува со мене

Без прашање, сопругата на мојот брат го зема мојот нов автомобил, доживеа сообраќајна незгода и го уништи автомобилот.

За среќа помина со полесни последици, но штетата на автомобилот е огромна, од тогаш поминаа повеќе од три месеци и сите се прават мутави, никој не сака да ја плати штетата од 3000 евра. Мојот брат и неговата сопруга кога ќе се потсетат на тоа секогаш се благодарни на Бога што е жива и здрава, му благодарам и јас, чекав месец дека да се опорави и започнав со прашања, веќе 2 недели ме избегнуваат, така што денес им најавив тужба и еве сите се лути на мене, цела фамилија не сака да разговара со мене, дури ниту моите родители.

Разбирам јас дека грешки се случуваат, но јас тој автомобил поштено го купив, а таа без прашање го зема од мојот дел на куќата и направи незгода, јас ја платив штетата бидејќи ми е потребен автомобил поради работата, ги предупредив, доколку не платат, судот ќе мора да го реши спорниот однос.

Иначе, никогаш досега не сме делеле автомобили или нешто слично, а на кафе со другарките можеше да замине и со својот стар автомобил. Најлошо о д се е што се обидуваат мене да ме наведат да се чувствувам јадно, бидејќи јас само ги гледам парите.

Јас нависитна не знам што да правам, како да го решам овој проблем?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *