Од градинка во сауна, па на ледено туширање на снегот: За нив нема зима, родителите немаат ништо против

Воспитувачите за ледено туширање имаат одобрение од родителите. Велат дека повеќето се согласуваат со оваа метода и дека никој не го присилува своето дете да во гаќички оди на снегот.

Децата во државната градинка во Краснојарск во Сибир се соблекуваат, а потоа излегуваат надвор на снег, каде што се поливаат со ледена вода. Можеби звучи чудно, но ова е дел од нивната наставна програма и дел од нивниот живот за кој се верува дека ги одржува здравите и отпорни на болести.

-Малите моржеви прво се загреваат во сауна, а потоа следи традиционално туширање со ладна вода – изјавил портпаролот на одсекот за образование во Краснојарск, пренесува Дејли Мејл.

Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање изјавила да се избегнува ваквиот вид во случаеви кога е многу ладно, односно ако температурата падне на минус 25 степени целзиусови.

Истакнува дека за ладното туширање мораат да имаат одобрение од родителите, но и додава дека поголемиот дел од родителите апсолутно се согласуваат со политиката на градинката. Пред да ги пуштат на снег и да се полијат со вода, децата учат како во тој момент треба правилно да дишат.

Каботко вели дека децата, кои одат на ледено туширање, се поразумни, поурамнотежени и пооптимистични.

-Подобро се организирани. Тоа мора да го правите секое утро, а за тоа ви е потребна силна волја. Не присилуваме никој – објаснува воспитувачката.

Нејзината колешка вели дека и докторите потврдуваат дека децатак ои применуваат ледено туширање многу полесно ја поминуваат сезоната на грип.

Што вие мислите дали ова е здраво?

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *