Омилена дестинација за Македонците: Заминете на 3 дневен одмор, и добијте 200 евра бонус по човек

Во желба да ја оживеат својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители и до 200 евра доколку останат најмалку три дена на медитеранскиот остров во текот на ова лето, изјавил денес министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Бартоло изјавил дека, кога поголемиот дел од антипандемиските мерки ќе бидат укинати до 1. јуни, на туристите кои ќе резервираат летен одмор директно преку локалните хотели ќе им бидат поклонети пари, пренесува Ројтерс.

Бартоло изјавил дека туристите кои ќе резервираат сместување во хотел со пет ѕвездички ќе добијат 100 евра од туристичката управа на Малта, а хотелот ќе додаде уште 100.

Во сличен аранжман тие кои ќе се одлучат за хотел со четири ѕвездички ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат хотел со три ѕвездички ќе добијат 100 евра.

Податоците од Светскиот совет за патувања и туризам покажуваат дека туристичката индустрија директно и индиректно прави повеќе од 27 отсто од економијата на Малта, но тој сектор прилично ослаби поради новонастаната ситуација.

Земјата привлече повеќе од 2,7 милиони странски посетители во 2019 година, но бројките опаднале за повеќе од 80 одсто од почетокот на пандемијата во март 2020 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *