Оние кои нема да бидат вакцинирани, ќе бидат лишени од одредени слободи

Кандаска министерка: Нема да има присилна, но оној кој ќе одбие вакцинација може да биде лишен од одредени слободи.

Никој нема да биде приморан да ја прими вакцината против ковид-19, но луѓето кои ќе одбијат да се вакцинираат би можеле да бидат лишени од одредени слободи, предупреди канадската министерка за здравје Кристина Елиот.

Таа признала дека вакцинацијата ќе биде доброволно, но ги охрабри “сите кои можат – да се вакцинираат”, напоменувајќи дека за оние кои ќе се откажат, може да претрпат одредени последици.

Можеби ќе постојат некои ограничувања при патувања или други ограничувања поради невакцинирањето, но таа одлука ќе биде на личноста која ја донесува на основа на она што и е поважно.

Оваа изјава е дадена во понеделникот како одговор на прашњето на новинарите за тоа можат ли училиштата, претпријатијата и другите институции да бараат од луѓето доказ за вакцинација.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд одговорил дека би било незаконско да “се присилува секој поединец да се вакцинира”, но изгледа дека дополнителната напомена на министерката Елиот сугерира дека Владата би можела да се потпре на тактиката за принудна за да се постигне “доброволно” согласување на вакцинација.

Коментарите на министерката за здравје доаѓаат поради растечкиот страв дека во програмите за масовна вакцинација ширум светот би можеле да воспостават некој вид здравствен “пасош” кој би можел да се користи за ограничување на патувањата и други активности.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо во понеделникот објави дека, додека се чека одобрување од здравствените власти, Канада може да започне да прима дози од вакцината Фајзер/бионтек уште следната недела. Се очекува дека Канада ќе добие 249.000 дози од лекот до крајот на декември.

Во вторникот, Обидентото Кралство прво на свет започна со вакцинирањето со вакцината Фајзер/Бионтек. Владата на Велика Британија истакна дека не планира да издаде било каков вид на идентификација која би можела да се користи за дискриминација на оние кои ја примиле вакцината.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *