Оние кои примиле две дози од ваkцината ќе можат да одат во продавница и на фризер, оние кои не примиле, ќе седат дома

Луѓето кои се целосно имунизирани ќе може наскоро да ја повратат својата лична слобода и да се вратат во вообичаениот живот, изјави германскиот министер за здравје Јенс Спан.

Германците кои се имунизирале би можеле да ги избегнат мерките на тешкиот локдаун, две недели откако ќе ја примат и втората доза, додал тој.

Додека Германија се обидува да ја засили програмата за имунизација во ек е третиот бран од вирусот, а држвните и сојузните лидери очајнички се обидуваат да најдат начин да животот барем делумно се врати во нормала.

Шпан истакнал дека луѓето кои примиле две дози наскоро би можеле да патуваат, да посетуваат продавници и да заминуваат на фризер без рестриктивни мерки какви што се примерите со покажување на брз негативен тест.

“Секој кој е целосно имунизиран во иднина би можел да се третира како некој кој има свежо негативен тест” изјавил министерот.

Тој додал дека ваквиот потег се очекува кога ќе заврши третиот бран на вирусот.

Основата за ваков план е процена на тамошните експерти кои поднеле извештај до Федералното министерство за здравје.

Германскиот Институт Роберт Кох за контрола на болести соопштил дека целосно имунизираните луѓе повеќе не би требало да бидат во карантин.

Од институтот порачуваат дека имунизираните лица 15 дена после втората доза имаат помалку шанси да го пренесуваат вирусот отколку лица без симптоми кои штотуку добиле негативен резултат на антигенски тест.

Шпан додал и дека повеќе од 12 отсто од Германците ја примиле барем првата доза, односно повеќе од 10 милиони граѓани.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *