Опасен тренд: Се повеќе луѓе намерно се заразуваат со ковид-19 за да можат да го прават ОВА

Епидемиологот и шеф на словенечката стручна група за ковид-19 Матеја Логар предупредува да некои граѓани на таа земја сакаат да се заразат на било кој начин

Нивниот план е, како што истакнува, да добијат потврда за прележана болест и да ја користат поради бенефитите кои доаѓаат со неа.

Матеја Логар истакнува дека во Словенија се појавил опасен тренд.

“Некои граѓани на било кој начин сакаат да се заразат о вирусот, за полесно да се движат и патуваат, а поради фактот дека се смета да оние кои прележале ковид-19 имаат имунитет еднаков на оној кој се стекнува со имунизација” порачала Логарова на конференција за новинари.

“Тоа е многу опасна пракса која дефинитивно не ја препорачуваме” додала Логарова.

Најавила и дека поради ова се размислува за воведување на рестрикции при патувањата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *