Оптимистични прогнози: Пушењето ќе се искорени во наредните 30 години

Според аналитичарите, за 10 до 20 години на многу пазари нема да има значаен број пушачи. Владите и тутунските компании се на иста страна во овој план.

Се повеќе земји усвојуваат цели да трајно го искоренат пушењето, а компаниите ги туркаат пушачите на производи со намален ризик како вапинг, орален никотин или загревање наместо согорување тутун.

“Со оглед на тоа дека амбициите на државите и тутунските индустрии во многу земји се повеќе се ускладуваат, идејата за ниту еден пушач во генерација, би можела да се оствари”, напишал аналитичарот Овен Бенет.

Можнно е трендот на пушење на цигари до 2050 година во САД, Европа, Австралија и големи делови од Латинска Америка значително да се намали, ако не и целосно опадне.

“Пушењето е во пад последниве пет децении поради она што го нарекуваме ЕСГ цедење: притисок од општеството, прописи и оданочувања”, напишал аналитичарот Адам Спилман.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *