Оригинален и во свој стил : Игор Џамбазов “се истетовира” по примерот на Тамара

Најголемиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, во свој стил се пошегува со тетоважата на пејачката Тамара која го истетовира делот од химната кој го заборави при интонирањето на химната.
Имено, уште пред неколку дена македонската пејачка Тамара Тодевска најави дека ќе ја истетовира македонската химна на своето тело, па вчера преку фотографии ја информираше јавноста дека она што го ветила навистина го стори. Реакциите на јавноста беа неверојатни, повеќето ја поддржија за храбоста и за тоа дека се држи до своите зборови, но сепак имаше и такви кои ја „исмејуваа“ поради несекојдневната тетоважа.

„Гоце Делчев Питу Гули Даме Груев Сандански“ стои на тетоважата а се воедно се стховите од химната кои Тамара ги погреши, а во објавата таа само напиша “ветено, сторено“.

Тетоважата вчера беше најзборувано и најсподелуваното нешто на социјалните мрежи, но покрај тоа пејачката предизвика големо внимание и кај нејзините колеги. Македонскиот шоумен Игор Џамбазов одлучи да ја „истетовира“ својата грешка.

Игор во свој, уникатен стил одлучи да ја поддржи Тамара, па објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и насмеа многумина.

Имено, Џамбазов на фотографијата која што ја сподели позира онака како што тој најдобро умее, а во прв план е неговиот стомак на кој што има напишано „шток“.

Под фотографијата стои опис: „Секој со своите гревови“.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *