Отворено писмо до девојката на која и’ го украдов дечкото

“Здраво. Би ти се обратила со драга, но искрено, не те чувствувам како некој што ми е драг, повеќе чувствувам грижа на совест и жал кон тебе.

Не ти го знам ниту името, а веќе сум ти го уништила животот и сум го украла она што ти било драгоцено. Сакам да ти кажам дека тоа беше лоша одлука која ја направивме јас и твојот дечко, кој стана мој, но не остана со мене долго време, бидејќи ми го стори истото што ти го направи тебе со мене. Ме остави, на начин на кој што те остави тебе, кажувајќи ми дека не ме сака повеќе, со истите зборови со кои ти се обрати тебе пред мене, откако не виде во неговиот кревет како водиме љубов. Нема да те лажам, водевме љубов безброј пати, сигурно веќе знаеш бидејќи во последно време почна да го запоставува сексот со тебе, нели? Причината за тоа бев јас, како што веќе сфати подоцна.

Но, тоа беше погрешен потег за кој ќе се каам до крајот на животот, тоа беше грев. Сакам да знаеш дека кармата постои навистина, а јас ја видов во лицето на нашиот заеднички дечко, сега веќе бивши. Сфатив дека тој што гради среќа на туѓа несреќа, никогаш нема да биде навистина среќен. Секоја вечер ќе си легнува на перница со грижа на совест, знаејќи дека е причина за солзите на невина личност која била заљубена до уши. Сакам да ти се извинам и да те замолам да ме мразиш помалку, доколку е тоа возможно, сакам да ми простиш, бидејќи и јас се заљубив исто како и тебе, но го сретнав во погрешно време и на погрешно место. Сакам да ја исфрлиш сета горчина од душата и желбата некогаш да ми се одмаздиш, бидејќи јас веќе ја добив својата казна која ќе ја плаќам цел живот, а тоа е нечистата совест. Прости му и него, бидејќи јас му простив, тој не е виновен што не знае да сака искрено, само една девојка.

Тоа требаше да го разберам откако те остави тебе поради мене, требаше да предвидам дека доколку тоа го направил еднаш, ќе го направи повторно. Но, знаеш, љубовта е слепа, мислев ме сака навистина. Мислев дека јас сум таа девојка која ќе го промени. Сфатив дека тој никогаш нема да се промени, бидејќи можеби јас и ти сме девојки верни само на еден момче, но тој е момче на сиот женски род. Те молам помири се со тоа што се случи и повторно отвори го срцето за оној вистинскиот кој никогаш нема да те изневери, ниту пак да те остави! Биди поздравена!”

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *