Отворено писмо до сите оние кои не знаат каде тераат во животот

Се чувствувате нервозни поради иднината, стравот ја јаде вашата енергија и ентузијазам и расте се повеќе хранејќи се од вашата депресија и меланхоличност.

Иднината е толку гигантска за вас, што мислите дека ќе ве стапне и засекогаш ќе се се изгубите во темнината на тоа огромно стапало во која нема да знаете што да правите повеќе.

Ќе се обидувате да запалите чкорче кое барем малку ќе го осветли вашиот пат, но тоа ќе се гасне поради воздухот кој нема да биде присутен во вашата безизлезна заробеност.

Не знаете каде терате во животот, нели? Така се чувстувував и јас се додека не сфатив дека само небото е граница за мене, во моментот кога одлучив да газам пред себе машки, се додека не го добијам тоа што го сакам од животот. И вие треба да го сторите истото, изгубени души.

Вие треба да го направите првиот чекор и да го победете стравот кој ве кочи. Тој страв кој кога чекорите еден чекор напред, ве тера да се враќате два чекори назад. Можеби не сте знаеле но, стравот е страшен само за тие што му се плашат, а вие не сакате да испаднете плашливци во животот, нели?

Денес станете од креветот и наместо да го гледате животот со страв почнете да го гледате како вреќа со шанси од кои треба непрестано да грабете и да ги користите. Па што ако сте паднале на испитите, па што ако ве откачил партнерот со кого сте имале долга врска, па што ако животот ви го задал оној најнизок удар и одзел драг член од вашето семејство. Вие никогаш не треба да престанете да се борите за себе и вашата иднина!

Испитите повторно ќе ги полагате, вашето срце ќе биде спремно повторно да сака како некогаш се доколку не го исполните со омраза, а драгата личност која сте ја изгубиле, ќе ве бодри и чува од оној свет, подобриот свет. На крајот потсетете се дека вие се имате себеси и не треба да го заборавате тоа.

Бидете вие, бидете свои, бидете силни. Бидете најдобри и покажете им на сите во светот што можете.

Не ги раскажувајте вашите соништа. Остварете ги! Без разлика колку патот ви изгледа долг и тежок, вие може да ја совладате секоја пречка која ќе ви излезе во пресрет, се додека не се сомневате во себе. А кога ќе го сторите тоа, ќе се присетите на овие моменти кога не сте знаеле каде терате во животот и истите ќе ви станат смешни, а стравот што сте го чувствувате сега, ќе ви стане уште посмешен.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *