Откриена цената на руската вакцина Спутник V, светот изненаден од тоа колку е евтина

Кузњецов додал дека цената на кутија со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубљи, што е околу 108 евра.

Руското министерство за здравство ја утврди максималната цена на вакцината против коpонавирус Спутник V на 1.942 рубљи за две дози (21,5 евра), изјави денес Алексеј Кузњецов, помошник министер за здравство.

“Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на производителите на вакцини за спречување на инфекција со коpонавирус, Спутник V, која ја развил Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј. Тоа е 1.942 рубљи за две дози”, изјави тој за новинарите.Кузњецов додал дека цената на кутија со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубљи (108 евра).

“Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна”, напоменал тој.
Руската влада претходно ја додала вакцината на листата на витални и основни лекови.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *