Папата на 83 години лајкнувал слики на манекенки на Инстаграм, Ватикан отвори истрага

Ватикан покрена истрага бидејќи папата Фрањо (83) лајкнал фотографија од 27 годишен бразилски модел.

-Барем одам во рајот – се пошегува манекенката од Бразил.

Настана огромен скандал во Ватикан кога британските медиуми објавија дека Папата Фрањо (83) од својот Инстаграм профил лајкнал фотографија на старлетата Наталија Гарибото (27).

Имено, Ватикан покрена истрага поради лајк од профилот на Папата, откако Наталија се пофали на социјалните мрежи дека лично папата и ја лајкнал фотографијата. Таа објави принтскин од фотографијата на која таа ги покажува своите атрибути и дека Инстаграм профил под името “franciscus” ја лајкнал нејзината објава.

-Ако ништо, барем одам во рајот – напишала Наталија под принтскринот, а оваа објава можеле да ја видат нејзините 2,4 милиони следачи на Инстаграм.

Ватикан сега бара објаснување како дошло до тој лајк на безборазната фотографија на бразилската старлета. Во тек е истрага што всушност се случило со профилот на Папата на социјалните мрежи, со кои управува тим од повеќе луѓе.

-Можеме да исклучиме дека лајкот дошол од Светата Стоилица, а за објаснување се обративме до компанијата Инстаграм – изјави претставник од Ватикан.

Не се знае кога на фотографијата се појавил лајкот, но таму стоел се до 13. септември оваа година.

Иначе, папата ретко објавува фотографии на социјалните мрежи или пак нешто лајкнува, па Наталија го искористи публицитетот и напиша дека го добила службениот благослов од Папата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *