Пет најважни причини зошто треба да јадете младо кромидче секој ден

Пристигнува сезоната на младо кромидче, кое е пребогато со витамини и минерали и е одличен во заштита на вашето здравје, па е вистинска штета да не ја искористите оваа шанса и да не го сместите во вашата исхрана.

Познато е дека младото кромидче има антибактериски својства и дека штити од воспаленија, како и дека помага кај настинка, но е и одличен избор за подобрување на системот за варење.

Имајте на ум дека зелениот дел од младото кромидче никако не би требало да го фрлате, бидејќи во него се наоѓаат одлични состојки кои го штитат нашето здравје.

Кој се петте најважни причини зошто младото кромидче треба да го јадете секојдневно?

Го штити срцето

Младото кромидче е преполно со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани со делување на слободните радикали. Со тоа, младото кормидче го држи крвниот притисок во границите на нормалата и го намалува ризикот од создавање на крвни згрутчувања.

Добар е за видот

Младото кромидче штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А кој е важен за производство на протеин во очите, заслужен за добар вид. На луѓето кои им недостасува овој витамин, можат да патат од ноќно слепило или други пореметување. Едно кромидче содржи околу 3 отсто од вневната потреба за витамин А.

Ги зајакнува коските

Витаминот Ц и К со кој младото кромидче е навистина богат, се добри за заштитата на коските. Само едно кромидче содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината и цврстината на коските. Недостатокот на овој витамин ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.

Го намалува холестеролот

Зелениот дел од младото кромидче го намалува нивото на лош холестерол во крвта, а помага и во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

За поубава кожа

Младото кромидче му помага на телото во производството на колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за спречувањ на настанувањето на брчки на лицето и се наоѓа во многу креми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *