Пилот тврди дека наишол на НЛО и дека лично видел вонземјани

Благодарение на радио-аматерот Стив Даглас, кој ја пресретнал радио комуникацијата на пилотот на летото “American Airlines” 2292, откриено е дека патничкиот авион на наведената компанија западно од градчето Де Мојна во Ново Мексико имал необична средба со неидентификуван летечки објекти (НЛО).

Пилотот во радио комуникацијата пријавил објект налик на крстаречка рак.ета како ек.стремно брзо се движи над неговиот “Erbas A320”, додека патничкиот авион бил на висина од речиси 11 километри и се движел со брзина од 740 километри на час.

Даглас снимката од разговорот на пилотот ја испратил на порталот “The Drive”, а тие ја контактирале американската воздухопловна агенција, како и самата компанија Американ Ерлајнс. Засега, тие не добиле никаков одговор.

“Имате ли некоја цел таму горе? Тукушто помина нешто над нас. Мразам што морам ова да го кажам, но изгледаше како долг цилиндричен објект, како некоја крстаречка рак.ета која се движи многу брзо”, вели пилотот на снимката која може да се слушне на неговиот блог “Deep Blue Horizon”.

На подрачјето на кое во моментот на средбата со наводното НЛО бил летотот 2292, немало активности на американското воено воздухопловство. Интересно е што и пред три години на истото подрачје е забележан сличен настан, бидејќи Лирџет и Ербас авионите исто така пријавиле средба со НЛО.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *