Писмо на маж кој ја оставил жената после 10 години брак, важна лекција за многу жени и девојки

Драги жени, се лажете доколку верувате дека секој маж ќе ја напушти својата сопруга само поради некоај друга жена која убаво мириса, која е попривлечна и можеби поубава од неа.

За поголемиот дел од мажите привлечноста и убавината немаат врска со тоа. Првата причина поради која мажот ја напушта жената е запоставувањето на мажот. Ниту еден маж неме да остане покрај жена која не обрнува внимание на него и која го занемарува.

Немојте да мислите дека тој себе си ќе дозволи некој да не го почитува, дека се ќе проголта и дека нема да биде навреден. ногу од вас прават домашни миленичиња од своите мажи. Доколку и понатаму така се однесувате кон нив, ќе заминат од вас. Мажот е лав, затоа не може да биде куче.

Друга причина е загрозување на неговиот личен простор, што за мажите е исклучително важно. Многу од вас мислат дека доколку мажот е оженет со вас, јаде и спие со вас, дека не треба да има свој личен простор и слободно време. Тоа не значи дека треба да го следите секој негов чекор.

Доколку така се однесувате, мажот е подготвен да побегне на крајот на светот за да ја ослободи својата душа. Дури и тоа што имате деца нема да го спречи да замине. Секој маж мора да има свој мир, свое време и свое опуштање.

Третата причина е недостатокот на благодарност. Зарем е тешко да се каже благодарам. Кажете му благодарам на својот маж и тој ќе направи се за вас.

И ние сме луѓе, затоа однесувајте се со почит кон нас. Ние се грижиме за вас и не земајте не здраво за готово.

Четвртата причина поради која мажот ја остава жената е фактот дека таа повеќе не се грижи за себе. Тоа што сте во брак 10 години не ви дава за право да престанете да се депилирате. Водете сметка за своето тело, користете парфем, облекувајте се така што вашиот маж ќе се врти по вас и тој никогаш нема да погледне друга.

Кога мажот ќе започне да гледа други жени, не го прифаќајте тоа лесно, туку поведете сметка за себе.

Петата причина е одбивноста, а тоа е најлоша од сите. Доколку дојде момент и сфатите дека повеќе не го сакате, пуштете го да оди. Секој има право да згреши и секој може да биде погрешен избор за оној другиот.

Доколку мажот е со вас само од навика, веднаш завршете со таа приказна, таа не е пишувана за вас.

Шестата причина е женското нерасположение. Кога жената е константно бесна, лута и тажна, мажот нема да побрза да си отиде дома. Со текот на времето ќе ја напушти и куќата и жената и семејството.

Жената би требало да биде празник, радост, енергија и силата на мажите. Таа треба да биде личност која мажот ќе трча да ја сретне и секогаш ќе сака да го сподели успехот, среќата и задоволството со неа. Доколку жената му ја зема на мажот радоста и среќата, тој засекогаш ќе замине од неа.

Веројатно секоја жена која ќе го прочита овој текст, ќе рече дека авторот, иако и самиот маж, не е во право и дека на секој кој ќе му се укаже прилика ќе замине за поубава и попривлечна жена. Но, дали знаете еден маж кој некоја кратка сукња го одвоила од неговата жена и семејство, доколку бил среќен со нив?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *