Писмо на таткото до учителката на својот син стана хит на социјалните мрежи

Почитувана учителке,

Денес мојот син тргнува во училиште, некое време се таму ќе му биде чудно и ново, затоа ве замолувам да бидете нежни спрема него. Тој тргнува во авантура која може да го однесе на други континенти, но може и да го прати во војни, трагедии и страдање. Затоа драг учителу ве замолувам да го фатите за рака и да го научите се што треба да знае, но ако е можно на поблаг начин.

Научете го дека секој непријател носи еден нов пријател. Мора да научи дека сите луѓе не се праведни и искрени. Но, научете го дека покрај секој подлец има и еден херој, покрај секој расипан политичар има еден праведен лидер.

Научете го дека дваесет центи вредат повеќе од еден најден долар, дека во училиште е многу почесно да греши отколку да мами и лаже.

Научете го како достоинствено да губи и како да ужива во победата. Како да биде добар со добрите, а непопустлив со лошите. Научете го како најлесно да се одбрани од насилниците.

Одвратете го од тоа да биде зависен. Научете го да се смее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамота, научете го дека може да слави во пораз и да е очаен во успех.

Ако можете научете го на чудотворноста на книгата, но исто дајте му време да размислува на вечната загатка: птиците на небото, пчелите низ сонцето и цветовите по тревата.

Научете го да верува во сопствените идеи без разлика дали сите му викаат дека се погрешни. Нека има храброст да биде нестрплив, и нека има трпение да биде храбар.
Научете го секогаш да има верба во себе затоа што само така ќе научи да верува во луѓето и во Бога.

Знам дека ова е големо барање, но видете што можете да направите околку тоа. Тој е сепак дете, едно мало дете што е мој син“

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *