Планови за град на Марс: Во него се очекува наскоро да живеат 250.000 луѓе (ФОТО)

Компанијата АБИБОО претстави планови за првиот град на Марс.

Градот наречена Нува Сити ја претставува првата заедница на Марс, а во него можат да живеат 250.000 луѓе. Изградбата е планирана долж карпа и во нејзината внатрешност, така што луѓето би имале пристап до сончева светлина без ризик од преголемо изложување на космичка радијација.

АБИБОО планира да започне изградба на Марс во 2054 година, а првите жители би требало да се доселат до 2100 година.

Поголемиот дел од рендерите на Нува Сити прикажуваат внатрешни простории. Карпата ќе овозможи да сите живеат во одвоени простории, а ќе имаат и пристап до други локации наменети за агрикултура и енергија. Жителите би можеле да одгледуваат стока и да собираат сончева енергија.

Целиот проект ќе изгради самоодржлива цивилизација на површината на Марс која ќе може да опстане без константен транспорт на намирници од Земјата. Атмосферскиот притисок е помал од 1 отсто во однос на Земјата, а космичката радијација е висока.

“Ќе мора да направиме бројни анализи за да се обидеме да ги сфатиме сите околности кои не чекаат. Мораме да се соочиме со предизвиците кои претставуаат услови на Марс, а еден од нив е гравитацијата која е еднаква на третина во однос на гравитацијата на Земјата.

Меѓутоа, за среќа, тука се CO2 и водата на Марс” изјавиле од компанијата.

Додаваат и дека водата е голема предност, односно дека ќе се овозможат потребните материјали за градење.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *