Пливаат во “луто море” за 100 денари дневно, ова е една од најтешките работи на светот (ФОТО)

Дваесетипетгодишниот студент Рафид Јашар направил серија на фотографии кои ги прикажуваат редовите работници под чадорите кои се штитат од сонцето додека макотрпно ги распределуваат жар црвените чили пиперчиња.

Глетката е забележана на фарма во местото наречено Богра во Бангладеш.

Според зборовите на фотографот Рафир Јашар, работниците во тој момент ги раздвојувале здравите пиперчиња од оние неквалитетните кои не можеле да се продадат.

“Тие заработуваат помалку од 2 фунти (околу две евра) дневно за цели девет часа на жешкото сонце”, истакнал овој студент.

Рафит станал познат по бележењето на слични глетки од секојдневниот живот на различните работници во ова место во Бангладеш. Така, тој неодамна го фотографирал и процесот на дистрибуција на компир, како и сложување на цигли во една фабрика.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *