Побегнал од Ковид болница, а на полицијата и рекол дека се уплашил од начинот на кој го лечеле таму

Најпрво мислеле дека пациентот заминал до тоалет, а кога медицинскиот персонал сфатил дека исчезнал, ја алармирале полицијата.

Неименуван граѓанин од Ниш, Србија (68), побегнал ноќта помеѓу саботата и неделата од ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш, околу три часа после полноќ, а полицијата набрзо потоа го пронашла во неговиот стан.

Најпрво се мислело дека пациентот заминал до тоалет, а кога медицинскиот персонал сфатил дека исчезнал, тие ја повикале полицијата.

“Полициските службеници го пронајдоа во неговиот стан. Не се противеше, тврди дека се уплашил од болничкото лечење, поради што одлучил да побегне”, наведуваат извори запознаени со овој случај и додаваат дека екипата на Заводот за итна медицинска помош со асистенција на полицијата го вратила во болница.

Основното јавно обвинителство се изјаснило дека тој направил кривично дело непостапувајќи по здравствените прописи во време на епидемија.

Кривичниот законик го предвидува ова дело во членот 248. кој гласи “казна до три години затвор или парична казна за оној кој во време на епидемија на било какви опасни заразни болести не постапува по прописи, одлуки или наредби со кои се одредуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *