Повеќе од половина од светското богатство во рацете на само 20 луѓе, еве кои луѓе располагаат со најголеми богатства

На годишната листа на Форбс се наоѓаат рекордни 2.755 луѓе (за 660 повеќе од минатата година), а на чело е основачот на сајтот Амазон Џеф Безос (57), кој веќе четврта година е официјално најбогатиот човек на светот.

Богатството на Безсо се проценува на 177 милијарди долари, со што е далеку пред конкуренцијата, пренесува британски Дејли Мејл.

Лицата кои имаат повеќе од милијарда долари, вкупно имаат 13,1 трилион долари, што значи дека за време на пандемијата заработиле пет трилиони, бидејќи на минатогодишната листа нивното богатство вредело само осум трилиони.

Генералниот директор на Тесла, Илон Маск (49) се искачи од 31. место на второто и неговото богатство сега се проценува на 151 милијарда долари.

Во топ пет најбогати луѓе на светот се наоѓаат и Бернард Арно (72), генерален директор на Луј Витон (150 милијарди), Бил Гејтс (65), основач на Мајкрософт (124 милијарди) и 36 годишниот сопственик на Фејсбук Марк Закерберг (97 милијарди долари).

На шест место се наоѓа Ворен Бафет (90), директор на Беркшир Хатавеј (96 милијарди), следи директорот на софтверскиот гигант Оракле, Лери Елисон (76) со 93 милијарди долари.

Потоа на листата се најдоа основачите на Гугл Лери Пејџ (48) и Сергеј Брин (47). Пејџ е нешто побогат со 91,5 милијарди, додека Сергеј Брин има 89 милијарди долари.

На десетото место се наоѓа сопственикот на Рилајанс индустри, која се занимава со петрохемија, телекомуникација и продажба, Мукеш Амбани (63) од Индија со 84,5 милијарди.

Помеѓу милијардерите влезе и Ким Кардашијан, која од октомври до денес напредувала за 220 милиони долари и ја надминала цифрата од милијарда долари.

Повеќе од половина од светското богатство се наоѓа во рацете на првите 20 милијардери на листата, и изнесува 2,1 трилион долари.

Најмногу милијардери се од САД, 724, па следат богаташи од Кина 698, но тука се вбројуваат и богаташите од Хонк Конг и Макао.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *