Погледнете колку точно пари принцот Хари ги наследил од својата мајка Дијана

Принцот Хари во интервјуто со Опра Винфри открил дека кралското семејство на почетокот на 2020. година го оставила без никакви финансиски приходи.

Принцот Хари во интервјуто кај Опра Винфри открил дека можел да го напушти кралското семејство само благодарение на наследството кое му останало од неговата мајка, покојната принцеза Дијана, а сега се дозна и за колкав износ станува збор.

Имено, принцот Хари открил дека кралското семејство на почетокот на 2020 година, го оставило без никаква финансиска поддршка, што него и Меган ги присило да се согласат на мултимилионските договори со стриминг сервисите Спотифај и Нетфликс.

-Тие договори ги предложи некој друг во момент кога моето семејство без остави финансиски без ништо и морав да си овозможам осигуање за нас двајцата. Имав само пари кои мојата мајка ги оставила и без тие не би можеле да го направиме ова – раскажа Хари.

Во тој момент можеле да отстапат од кралското семејство само поради налседството кое му останало од неговата мајка, а сега се дознал и точниот износ на пари кој принцот ги наследил.

Според извештајот на магазинот Форбс, принцезата на својот помлад син му оставила 10 милиони фунти.

И додека Хари и неговиот брат Вилијам се главни наследници, покојната принцеза дел од своето богатство го препишала и на својот омилен батлер Пол Бурел.

Дијана после разводот од Чарлс добила и вреден накит, како и акции кои исто така после смртта и припаднале на нејзините синови.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *