Подготвив план како да ги научам свекрвата и јатрвата на памет, кога му кажав на сопругот падна од смеење

Имам 40 години и сум навистина привлечна личност, но и навистина успешна.

Тешкиот живот како мало девојче ме научи дека самите треба да ги кроиме сопствените животи и постојано да се бориме за подобро.

Во образовна, финансиска и секоја друга смисла сум супериорна во однос на жените од семејството на мојот сопруг (свекрвата, золвата, јатврата).

Секогаш сум ги игнорирала нашите разлики (иако се огромни), настојував да се зближиме и да бидеме пријатели и навистина блиски роднини.

Кога доаѓаа на гости, ги дочекував навистина кралски, богата трпеза, но и често ги изненадував со некој поклоничиња. А тие, резервирани, ладни, никогаш немале некое гостопримство, ниту пак ми посветиле малку внимание.

Како сите да сакаат да ме уназадат и ми даваат до знаење дека не им е грижа за мене. Дури ниту една не ми се јави кога имав здравствени проблеми.

И мојот сопруг често го брецаат поради вниманието кое ми го овозможува. Иначе, тие помеѓу себе се супер. Дали е наистина можно женската љубомора да е толку голема?

Па се што сум постигнала, сум постигнала со сопствен труд. Тие ги кроеле сопствените животи, не им ги кроев јас. Што сум им сега јас виновна?

И мојата добра воља има граници и точно ми доаѓа да следниот пат само зборувам за хотелот во кој сум била со сопругот, за шопинг, козметички третмани и останати работи кои за нив, им се трн во око, да им го покажам маникирот, педикирот, па нека пукнат од мака!

Ако веќе сакаат така да играат, да им покажам како јас навистина знам.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *