Познатата водителка ги збуни луѓето: Едни тврдат дека нејзиниот фустан е бел, други се колнат дека е син (ФОТО)

Сите се во право.

Водителката Кендал Гилдинг, предизвика огромна лавина коментари на социјалните мрежи кога објави фотографија во фустан за кој некои тврдат дека е син, а други пак велат дека е целосно бел.

Австралиската водителка на вести, објави фотографија на Инстаграм на која носи бел фустан од Тед Бејкер.

“Среда во бело! Живеам за овој фустан – глатки линии, детали на околувратникот, боженствена ткаенина”, напиша водителката.

Меѓутоа, нејзиниот опис ги збуни многу нејзини следачи кои пишуваа дека фустанот е всушност син.

“Изгледа сино”, “Изгледаш убаво во син фустан”, “Дефинитивно сино, но убаво”, “Изгледа сино, бидејќи е сино”, беа само некои од коментарите под нејзината објава на социјалните мрежи.

“Не сте прва личност која го вели тоа. Мислам дека тоа е поради пригушеното светло”, напишала водителката и објавила фотографија на која позира во истиот фустан, но овој пат светла од студиски рефлектори. На таа фотографија, фустанот без сомнеж изгледа бело.

Зошто се случува оваа оптичка илузија?

Професорот Стивен Вестленд објаснил за БиБиСи своја теорија за оптичката илузија уште во 2015 година, кога еден друг фустан предизвика слична расправа на социјалните мрежи.

“Луѓето мислат ако фотографираат нешто, дека сите луѓе ќе го видат истото, но секако тоа не е вистина. Да не е снимено под чудно осветлување, тоа би изгледало многу поинаку”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *