Познатата пејачка влегува во нов пизнис: “Немав за храна и превоз, од музика сега не се живее”

Познатата пејачка Маја Николиќ, пејачка, без влакна на јазикот зборуваше за животните проблеми, од што живеела во пандемијата, но и новата животна улога на баба, со оглед на тоа дека со нетрпение чека да постариот син Новак и нејзината снајка и ги соопштат убавите вести дека ќе станат родители.

-Горда сум на двајцата синови. Новак има вереница, живеат заедно и можеби наскоро ќе станам баба и ќе имам свадба во семејството. Совршено се сложувам со снашката. Никогаш не сум им се мешала и од мене имаат благослов. Баш сум рокенрол мајка.

Каде и да се појави, пејачката прави хаос.

-Тоа е до мојата енергија и харизма. Така беше и кога бев во училишна клупа, па и ден денес. Директорот на гимназијата “Светозар Марковиќ” од Ниш, од училишната каса ми позајми пари за автобус да дојдам за Белград. Буквално немав за превоз, а ниту за храна. Од училишна клупа влегов во балски фустан и ги добив трите први награди со песната “Одлази”.

Маја открила и од што живеела за време на пандемијата.

-Јас сум во стабилна врска веќе седум години и имаме семејна фирма. Мене музиката ми е хоби, не живеам од пеење и немам егзистенцијални проблеми. Имам куќа во централна Шумадија, свое брдо и река и природата ме спаси – изјавила пејачката за Курир.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *