Познатите спортисти, секое утро ги пијат овој супер напиток за здравје

Испробајте ја и вие оваа ризница за здравје.

Целерот и Египјаните го користеле како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук е навистина одлична намирница и извор на големи количини на витамини и минерали. Во себе ги содржи витамините К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и фолна киселина, но има и силно диретичко дејство.

Може да се јаде сиров, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук ,може да направите и сок. Еднакво добро ќе влијае на вашиот организам.

Овој напиток дури и Новак Џоковиќ го пие секое утро. Во една прилика на своите следачи на Инстаграм им откри дека верува дека токму овој сок е одговорен за неговото здравје.

“Добро утро на сите. Значи, вака го започнувам секој ден. Најпрво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа го отворам фрижидерот, каде што ги чувам зелените стебла целер. Ги вметнувам во соковникот на ладно цедење, за да добијам сок од целер”, вели Новак.

“Овој сок е полн со минерали, соли и уште многу неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, како за мене и мојата жена, така и за нашите деца. Додуша, тие не го земаат чист, туку со додадток од сок од краставица или јаболко” открил Новак.

А што вели науката и спроведените истражувања? Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на вашето мени?

Може да го намали крвниот притисок

Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормон за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ќе ги стабилизира отчукувањата на срцето и ќе го намали крвниот притисок.

Може да го регулира нивото на холестерол

Бутифталид, единствено соединение кое помага во одржување на нормалното ниво на холестеролот, но и допринесува кон подобрена работа на срцето.

Поволно влијае на системот за варење

Целерот содржи соединение под името НБП кое ја подобрува циркулацијата на цревата.

Помага во слабеење и добар е за хидрација

Освен што е полн со вода и влакна, целерот има само 10 калории, што го прави ваш совршен сојузник до целта за витка линија.

Поволно делува на имунитетот

Богатството од витаминот Ц го прави целерот и неговиот сок еден од најдобрите сојузници на силниот имунитет. Освен витамин Ц, за зачувување на одбрамбената моќ на организмот заслужна е и супстанцата кумарин.

Поволно влијае на кожата

Доколку водите битка со акните на лицето или имате проблеми со кожата, редовно конзумирајте сок од целер, кој дефинитивно ќе ви помогне во таа борба.

Подготовка на сокот: Можете да користите само целер, но поради подобрен вкус, нутриционистите препорачуваат да додадете и краставица или едно зелено јаболко во соковникот или блендерот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *