Полицаец водел троен живот: Се верил со две девојки, имал сопруга и четири деца

Градскиот менаџер изјавил дека се запознале со ситуацијата во врска со шефот на полицијата и дека ќе се воздршат од коментари за личните прашања на градскиот персонал во јавноста.

Шефот на полицијата во Тексас е ставен на административно одсуство, а некои медиуми тврдат дека тоа е поради обвинението дека бил во врска со најмалку две жени, иако е во брак.

Според пишувањта на странските медиуми, кога во февруари 2020. година, 39 годишниот Џејсон Колијер бил именуван за шеф на полицијата во градот Стинет, во објавата на Фејсбук страницата на полицијата пишувало дека е оженет и дека има четири деца.

Меѓутоа, според тврдењата на една од неговите наводни девојки, Колијер живеел двоен/троен живот, и дека наводно верел најмалку две други жени паралелно на фактот што тој бил во брак.

Според наводите на полицијата во Стинет, покрај тоа што е семеен човек, дури има и статус на свештеник. Меѓутоа, како што пишувал Дејли Мејл, информацијата дека е оженет ги изненадила неговата сега поранешна девојка Сесили Штајнмец. Таа на Фејсбук, на 26 јануари го обвинила Колијер дека е прељубник, изјавувајќи дека бил во сериозна врска со неа, но и со уште една жена.

-Шефот на полицијата Џејсон Колијер живееше неколку жвитои. Бев негова девојка до вчера. Исто така дознав за неговата друга девојка Кристи вчера. Сите не лажел, нашите деца, дури не праша и дали ќе се омажиме за него, напишала таа на Фејсбук, а нејзината објава набрзо се проширила на социјалните мрежи.

-Само што се вративме од одмор во неделата во Таос. Во меѓувреме, неговата друга девојка знаела дека бил на задача во Портланд, Орегон – изјавила таа.

Како што наведуваат тамошните локални медиуми, Штајнмец дознала откако објавила заеднички фотографии со Колијер на Фејсбук. Тогаш, другата девојка и пишала дека токму таа се верила со него во декември минатата година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *