Поранешната девојка на Марадона исфрлена од неговиот погреб, преубавата Aргентинка направила огромна грешка

Таа последна го бакнала легендарниот фудбалер.

Покрај магијата која ја демонстрираше на фудбалскиот терен, животот на Диего Армандо Марадона помеѓу останатото го одбележа и бурниот љубовен живот. Од еден брак и три вонбрачни врски има пет деца кои ги призна. Меѓутоа, уште четири жени тврдат дека на Марадона му родиле вкупно шест деца.

Тајната со колку жени во животот бил, легендарниот Аргентинец ја однел со себе, а она што е сигурно е дека многу познати но и непознати дами не можеле да му одолеат. Неговата последна официјална девојка, била триесетгодишната Росио Оливија.

Тие се запознале во 2012 година и неколку години биле во врска, а во текот на 2014. година, Марадона ја запросил атрактивната плавуша, но до венчавка сепак не дошло. Нивното раскинување светските медиуми го пренесоа во 2018. година, кога Росио го исфрли Марадона од домот кој тој и го купил.

Кога Марадона почина, светот го изненади веста дека семејството донело одлука да на последната девојка на Марадона и биде забрането присуство на неговиот погреб. Одлуката наводно ја донела неговата поранешна сопруга Клаудија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *