Поранешната сопруга на Илон Маск откри како да заработите милијарди во рекорден рок

Џастин Маск, поранешната сопруга на Илон Маск, вториот најбогат човек на денешницава, има свои видувања како да се збогатите.
Според нејзиното мислење, не е работата во одлучноста или за тоа колку сте вредни, туку во нешто друго.

-Префрлете го својот фокус на она што го сакате (милијарди долари) и навистина посветете се на тоа да открите што му е потребно на светот. Запрашајте се што е тоа единствено што го имате, а ниту еден компјутер не може да го замени, што никој не може да пронајде поевтино, пто никој не може да ви украде и да направи подобро и да ве испрати во заборав – порачала таа во еден говор.
А потоа треба да се развива тој потенцијл.

-Изберете една работа и станете експерт. Изберете друга работа и станете експерт и за неа. А кога ќе станете експерти на два света, да речеме инжинеринг и бизнис, можете да ги поврзувате така што ќе ги спојувате новите идеи за да се родат нови бебиња-идеи кои никој не ги видел, но и да направите компетитивна преднот затоа што можете да се движите помеѓу светови, да зборувате два јазика, да поврзувате племиња и елементи за да имате креативен увид се додека не се разбудите со идеја која ќе ви го промени животот – порача поранешната жена на Илон Маск, иначе писателка на современа фантастика, која со поранешениот сопруг, чие богаство се проценува на 199 милијарди долари, има пет деца.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *