Поранешната спортистка откри колку заработува од филмовите за возрасни: Татко ми се гордее со мене

Поранешната возачка на суперавтомобили Рене Грејси го напуштила професионалниот спорт и започнала кариера во индустријата за возрасни.

Оваа 25 годишна девојка во 2015 година стигна до трката Bathurst, но кога сфатила дека со кариерата зад воланот нема да заработи многу, се префрлила на 18+ кариера пред камерите.

Во текот на гостувањето во емисијата “Се е вистина” Грејси потврдила дека само во првите недела дена од снимањето на платформата, заработила преку 20.000 евра, додека во текот на летото заработила преку четвртина милион евра.

“Сега сум во извонредна позиција што се однесува на парите и подготвена сум на рана пензија”, изјавила таа.

Партнер во филмовите кои ги снима во својата спална соба е нејзиното момче. Додала дека грижата за финансиите му ја препуштила на својот татко.

“Тато од почетокот знаеше се, но содржината која ја продаваме не го интересира. Кога сфати за каква заработка станува збор, ме поддржа во новоизбраната кариера”, изјави таа.

“Може да се рече и дека е горд поради финансиската ситуација во која ме доведе, но и поради тоа што направив со својата страница”, заклучила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *