Последната цифра во вашата година на раѓање ја открива вашата судбина

Не ни знаете колку таа е навистина важна.

Годината во која сме родени игра значајна улога во нашите животи, а најзначајна од неа е последната цифра. На основа на неа, како што тврдат нумеролозите, можеме да го одредиме карактерот, судбината и патот кој нашиот живот го подготвил за нас.

Секој број има одговарачки елементи, а тоа се метал, оган, земја, дрво и вида. На пример, доколку сте родени во 1987 година, вашиот број е бројот 7, а неговиот елемент е оганот.

Погледнете го нивното значење во продолжение:

Броеви 0 и 1 – Елемент Метал

Овие лица се со силен карактер и отпорни. Тие имаат слободен дух, но се резервирани бидејќи сакаат да живеат живот по свое. Чезнеат да живеат во изобилство и љубов. Тие точно знаат што сакаат и ќе направат се да ги остварат своите цели и амбиции, а на тој пат ги следи голема среќа. На овие лица им е одредено да остваруваат големи работи во животот.

Броеви 2 и 3 – Елемент вода

Лицата родени под елементот на вода, покажуваат сочувствителност и емпатија кон другите луѓе. Поседуваат силна фантазија и снаодливост, што ги прави успешни говорници, лидери и мотивациони тренери. Имаат добар инстинкт и одлично забележуваат детали, што почесто им помага да се извлечат од најтешките ситуации.

Броеви 4 и 5 – Елемент дрво

Лицата родени под овој елемент се самоуверени и внимателни. Тие се оригинални, обожаваат нови искуства и сонуваат да откријат свет околу себе полн со загатки и збунувачки места. Никогаш не се себични и егоистични. Тие се родени авантуристи, па никогаш не им е досадно. Тие се омилени во друштво и уживаат во вниманието кое го добиваат. Овие лица се родени да внесуваат радост во туѓите животи.

Броеви 6 и 7 – Елемент оган

Родените под елементот на оган сонуваат за патувања околу светот, а доколку вложат малку напор, оваа желба е лесно остварлива. Имаат навика пребрзо да влетуваат во работи. Тие се љубезни и природни, знаат како да привлечат луѓе и да ја добијат нивната доверба. Тие се родени за работи кои вклучуваат патувања и контакт со луѓето.

Броеви 8 и 9 – Елемент земја

Овие лица се доверливи и одлучни. Разумно ќе ја разгледаат секоја работа и никогаш нема да делуваат непромислено. Сакаат дисциплина и ред и живеат по свој план. Стравот од непознатото е нивниот најголем страв. Тие речиси никогаш не излегуваат од зоната на комфотот и во животот се прават по одреден ред. Кај нив се мора да биде под конец. Авторитативни се, па се родени за водечки позиции.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *