После викендов, во Македонија можно е воведување на полициски час

Министерот за здравство Венко Филипче, на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и доктор Сузана Маневска, кои телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата за заразни болести, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести, за разгедувањето на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанок во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд. Како што денес посочи министерот Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат, би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *