После овој текст, никогаш повеќе во животот нема да пиете кафе пред да појадете

Британското истражување покажало дека пиењето кафе на празен желудник може негативно да влијае на контролата на шеќер во крвта и го намалува за 50 отсто.

Експертите препорачуваат овој топол напиток да не се конзумира пред појадокот.

Секое тело наутро има потреба од повеќе време да започне да работи и токму поради тоа кафето на празен желудник не е пожелно доколку нивото на шеќер во крвта сакаме да го одржиме на сигурно ниво за да го намалиме ризикот од состојба како дијабетис и болести на срцето.

Истражувачи од британскиот Универзитет Бат веруваат дека овие нови информации за кафето би можеле да имаат далекусежни здравствени импликации.

Во своето истражување, научниците настојувале да дознаат како лошиот сон и утринското кафе влијаат на метаболизмот. Во него учествувале 29 мажи и жени кои го поминале експериментот.

Во текот на првата ноќ на истражувањето, испитаниците нормално спиеле и наутро испиле сладок пијалок. Другата веќер истражувачите на секој еден час им го пореметувале сонот на пет минути и повторно пиеле сладок пијалок после будење.

За последниот тест, учесниците ги буделе испитувачите во текот на ноќта, но овој пат пиеле силно, црно кафе пола час пред слаткиот пијалок. Слаткиот пијалок со калории одговарал на просечен појадок на возрасна личност.

Во текот на секој од тестовите, истражувачите собирале примероци од крв заз да го следат метаболизмот на учесниците.

На крајот од истражувањето се покажало дека конзумирањето на кафе пред појадок може негативно да влијае на контролата на шеќер во крвта. Кафето испиено пред појадок, го намалувало нивото на шеќер во крвта за 50 отсто.

Охрабрувачка вест е дека нема разлика во контролата на шеќерот помеѓу лошиот и нормалниот сон.

“Свесни сме дека речиси половина од нас наутро ќе го испијат кафето. ова истражување е важно бидејќи досега малку сме знаеле за тоа што му прави кафето на нашето тело, посебно кога станува збор за контрола на метаболизмот и шеќер во крвта. Едноставно речено, контролата на ниво на шеќер во крвта е ослабено доколку наутро прво пиеме кафе на празен желудник, посебно доколку во текот на ноќта сте имале пореметен сон. Тоа можете да го спречите така што прво ќе појадувате, па потоа ќе пиете кафе”, изјавил професорот Џејмс Бетс од Универзитетот Бет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *