После 33 години објавена најголемата тајна на Тито: Погледнете што чувал во сефот 555

Доживотниот претседател на поранешната држава дури и заминал од овој свет во мистериозни околности.

Имено, после неговото заминување на 4. мај 1980 година, сите предмети кои се наоѓале во сефот останале запечатени, а кога сефот бил отворен, во него се најдени некои многу вредни работи.

Станува збор за депото 555 во Народната банка на Србија. Сефот е отворен, па повторно затворен.

Во Титовиот трезор помеѓу останатото, се наоѓал синиот сафир кој наводно и припаѓал на кралската династација Романов од Русија, орден кој му припаѓал на Караџорџевиќ и други скапоцености.

“Големо богатство се наоѓало во тој сеф. Имало уникатни ланчиња и накит кои им припаѓале на семејството Караџорџевиќ”, изјавил еден од членовите на комисијата.

Во Титовиот сеф имало:

29,366 килограми злато во полуги и прав, 1,271 парчиња нумизматички пари, 2.663 златници и дукати, 26.219 американски долари, 149 парчиња накит, 36.000 германски марки, син сафир на Романови, 83 парчиња копчиња за манжетни, кутии за цигари, медалјони, привезоци и значки, како и 18 комплети на садови од сребро.

“Ако на отворањето на сефот не присуствува никој од членовите на семејството, ниту адвокати, се е јасно. Тоа е државна измама”, смета Јошка Броз, внук на Тито.

Дури кога судската постапка ќе заврши, јавноста ќе може да биде во можност да види што се наоѓало во сефот 555.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *