“Постоеше договор со Милошевиќ, уште една земја требаше да стане дел од Југославија, а потоа се случи aтeнтат на Киро Глигоров”

Горан Пајиќ, некогашниот телохранител на Слободан Милошевиќ изнесе податок за настојувањата на Македонија да остане во составот на Југославија, а за кои јавноста досега не знаела.

Според неговите тврдења во гостувањето на ТВ Хепи, претседателот на Македонија во времето на распадот на СФРЈ Киро Глигоров со Слободан Милошевиќ се договорил Македонија да се најде во составот на новата Југославија, пишува српска Правда.

“Кога во 1995. година беше aтeнтатот на Киро Глигоров, тој пред тоа беше на таен состанок во Белград со Слободан Милошевиќ и се договорија Македонија да биде во составот на новата Југославија. Меѓутоа, очигледно тоа на некој не му одговараше па набрзо и го организираа тоа што го организираа. За такви работи се одлучува се во делот од секундатата”, раскажа во емисијата “Добро утро Србија” со Јована Јеремиќ, Пајиќ кој 10 години беше во составот на единицата за обезбедување на Слободан Милошевиќ.

Да се потсетиме, на 3. октомври 1995. година е извршен неуспешен aтeнтат на Киро Глигоров пред хотелот Бристол во Скопје, во кој беше тешко повреден и изгуби око. Околностите на aтeнтатот како и неговите сторители до денес останаа непознати.

Глигоров бил првиот претседател на Македонија. Функцијата ја извршувал во два мандати во периодот од 1991 до 1999 година.

Повеќе за тоа погледнете во видеото на 19:07:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *