Постојано сме вареле турско кафе на погрешен начин, ова никако не смееме да го правиме

Еден мал детал менува се.

Домашно, турско или македонско кафе, како што се нарекува овој пијалок кој традиционално се подготвува во секое домаќинство во Србија, обично се пие наутро и често се смета за мерка за вештина на готвачката. Доколку е добра, во шега се вели дека домаќинката може да се мажи, што би требало да значи дека го погодила размерот на кафе, вода, и ако е потребно, шеќер.

Како се подготвува домашно кафе? Вообичаена постапка е водата да се стави во ѓезвето, по потреба да се додека шеќер и да се загрева додека не проврие.

Потоа се трга од оган, се одлева помала количина вода (за да се направи простор во садот и да не претече), се додава мелено кафе – на едно шолче вода оди една поголема лажица кафе. Ѓезвето се враќа на ринглата за мешавината да проврие, па се одлива остатокот вода.

Друга варијанта е водата да не се одзема – доколку ѓезвето е поголемо, па не постои проблем дека течноста ќе се излие кога ќе проврие, туку кафето веднаш се става во шолчиња.

Доколку треба да им се верува на експертите, овој начин е погрешен. Како што велат, еден ситен детал во подготвката, една грешка и го менува вкусот.

“Кога ставате кафе во вода, не смеете да дозволите да зоврие на оган. Доколку зоврие, напитокот ќе биде со горчлив вкус”, објаснил основачот на компанијата “Roaster Coffee”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *