Потресни сцени во Измир – Спасени две девојчиња кои под урнатините биле повеќе од 50 часа

Спасувачките екипи извлекле две девојчиња од под урнатините на станбена зграда во турскиот град Измир, неколку дена по силниот земјотрес.

Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, со центар во Егејското Море, ги погоди Турција и Грција во петокот во попладневните часови.

Вкупниот број на загинати од земјотресот што ги погоди овие две земји во петокот достигна 81, бидејќи тимовите за цивилна заштита пронајдоа повеќе тела преку ноќ во урнати згради во Измир, третиот по големина град во Турција

Повеќе од илјада лица беа повредени во земјотресот чиј епицентар беше во Егејското Море, северо-источно од грчкиот остров Самос. Двајца тинејџери биле убиени на островот, а најмалку 19 лица биле повредени.

Спасувачите ја извлекоа 14-годишната Идил Сирин во Измир, откако помина 58 часа под урнатините. Нејзината осумгодишна сестра Ипек не преживеа, објави телевизијата НТВ.

Седум часа подоцна, спасувачите ја извлекоа тригодишната Елиф Перинек од друга урната зграда. Нејзината мајка и двете сестри биле спасени два дена порано. Детето поминало 65 часа под урнатините на зградата и со неа, досега се спасени 106 лица, објави државната агенција Анадолија.

Набљудувачите аплаудираа додека брзата помош ја пренесе спасената девојка во болница.

Извештаите за големината на земјотресот се разликуваат. Американскиот геолошки институт процени дека земјотресот бил со јачина од седум степени, додека Истанбулскиот институт Кандили ја проценил неговата јачина на 6,9, а Турската агенција за управување со итни случаи на 6,6 степени.

Земјотресот предизвика мало цунами што ги погоди областа Самос и Сеферихисар во Измир, кога една постара жена се удави. Земјотресот ја погоди западна Турција, вклучително и Истанбул и грчката престолнина Атина. Следуваа стотици последователни земјотреси.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *