Потресно сведочење на еден татко од Србија: Антиваkсери, моето дете е ваша жpтва

Давор Љутиќ од Земун објави тескт за својот син Немања на Фејсбук. Имено, Немања од ноември минатата година се бори за живот откако како едномесечно бебе се заразил со морбили.

Според зборовите на Давор, се се одиграло изненадно и сега се во тешка ситуација. Неговиот текст ви го пренесуваме во целост.

“Немања како бебе од шест месеци заврши на операција бидејќи имаше вроден проблем со проширен уринарен канал (мегауретар), кој е саниран без никакви проблеми. Во текот на опоравувањето на Институтот за мајка и дете во 2018 година, во Србија владееше епидемија со морбили, бидејќи ние како народ одеднаш поверувавме дека ММР ваkцината предизвикува аутизам кај децата и некакви глyпости, па грижните мајки и татковци започнаа да избегнуваат ваkцинирање на своите деца, правдајќи се дека со тоа ги “штитат” своите деца. Голем аплауз за сите вас антиваkсери!

Мојот син е жртва токму на тие ММР антиваkсери бидејќи на шест месеци се зарази со морбили од друго постаро дете, кое тогаш имаше некои 6-7 години. Тоа постаро дете го зарази цело одделение на Институтот, а потоа вирусот со неверојатна брзина се ширеше и на останатите оделенија. Огромен број мали бебиња тогаш се заразени и поголем дел од тие бебиња, за жал ги чека иста судбина како и мојот син, а тоа нивните родители воопшто не го знаат, баш како и ние што не знаевме.

Кратко ќе објаснам колку всушност морбилите се опaсни. Постои една работа во телото која се нарекува мозочно-крвна бариера, која служи да го штити мозокот од вируси и бактерии. Таа бариера станува се поцврста како што детето старее. Од раѓање до 12 месеци, таа бариера е прилично слаба и поради тоа вирусите и бактериите можат да го пронајдат својот пат до мозокот во било кој момент и да предизвикаат некое воспаление. Што токму тоа се случува со морбилите, но на многу подмолен начин. Кога детето во тој период се заразува, вирусот со морбили го пронаоѓа својот пат до мозокот без никаков проблем, влегува во мозокот и останува таму без да предизвика никакво воспаление, едноставно мирува и чека. Тоа чекање, по разни истражувања, трае во просек 7-8, а понекогаш и повеќе години од првата инфекција. Едноставно кажано, имате совршено нормално и здраво дете после зараза со морбили, за на 7,8 или повеќе години тоа одеднаш започне да пропаѓа, да му слабее нервниот систем, а воедно и цело тело. Токму тоа се случува со мојот син, само, многу многу рано. Започна со фраса, за во текот на испитувањата на детска неврологија некој внел коpона и го заразил цело одделение, вклучувајќи го и мојот син. Од тогаш започна пеkолот, бидејќи докторите сметаат дека токму тоа била искраната за покренување на целата таа состојба. Го чуваш детето цел живот од се и сешто, а таму каде што треба да биде најсигурен, тој е најранлив.

За оваа болест нема лек, прогнозите се бедни, но бидејќи тој е мал и мозокот се уште му се развива, ние верувале дека постои шанса да ја победиме оваа болест. Така најдовме потенцијално решение во Турција, со трансплантација на матични клетки, па кој е во можност нека помогне.

https://gofund.me/5e8ac4f5

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *